7 тајни на Мерилин Монро покрај кои секоја жена ќе се чувствува како убавица
Норма Џин Мортенсон, препознатлива како Мерилин Монро се смета за една од најубавите жени на сите времиња.
А, ова се нејзините тајни поради кои секоја жена ќе се чувствува како убавица:
1. Осветлете ја косата
Иако таа го привлекуваше вниманието и како бринета, сепак кога се бојадиса платинесто руса, таа почна да ги освојува најзначајните холивудски улоги. Но, тоа не значи вие комплетно да ја промените бојата на косата, туку само малку да ja осветлите со цел да го освежите вашиот изглед.
2. Негувајте ја кожата
Мерилин верувала во здрава и негувана кожа, па затоа нанесувала хидратантна крема дури и неколку пати во денот, задолжително пред спиење.
3. Посветете им внимание на очите
За да го создаде ефектот на мачкини очи, холивудската актерка обожувала да користи црн и кафеав молив за очи – кој се смета за едноставен трик за разубавување и за заводнички поглед кој ќе ве собори од нозете.
4. Ставете вештачки трепки
Во 1999-та година е продадена козметичката торба на Мерилин Монро за вртоглави 1 милион амерички долари.
Меѓу останатото, во неа се нашле и вештачките трепки без кои не одела на ниедна премиера. Вештачките трепки го отвораат погледот и визуелно ги зголемуваат очите, а ако правилно ги ставите тие можат да изгледаат комплетно природно.
5. Поткренете ги веѓите
Оваа икона на убавината знаела дека веѓите се украс на лицето, па затоа внимателно ги уредувала за да го издолжи лицето. Дополнително, таа ги исполнувала веѓите со специјални моливи во нежно кафеава боја.
6. Нашминкајте ги усните
Мерилин Монро носела неколку нијанси на кармин за усни, но секако најзапаметена останала по фотографиите и филмовите во кои носи црвен кармин.
Силната црвена боја е одлична за русокосите, портокалово – црвена е одлична за бринетите со светло кафеави и зелени очи, додека темнооките дами со кафеава коса одлично носат неутрални нијанси – како месо боја.
7. Вашиот мирис нека ви стане личен печат
Кога ја прашале што носи во кревет, Монро одговорила: „Пет капки Chanel No.5“ и така влегла во историјата.
Омилениот мирис кој комбинира роза, јасмин, илан-илан го ставала дури и во купките. Ако сакате да бидете забележани и запаметени, одберете еден мирис кој ќе биде ваш заштитен знак и кој совршено ќе одговара врз вашиот карактер.
С. С. | Црнобело