Трикови со кои од денес ќе се шминкате како професионалец
Сите имаме во друштво луѓе на кои им се потребни 10 минути за да подготват за некаде, а сепак да изгледаат убаво како да вложиле часови и часови во тоа.
Секако, средувањето бара време, но овие луѓе всушност ги научиле вистинските триковите како да заштедат време а воедно и да ја изберат вистинската шминка, па не мора да поминуваат часови и часови пред огледало.
Ова се најпопуларните трикови со чија помош ќе се шминкате брзо и професионално:
1. Како да ја изберете вистинската пудра?
За да го одберете тонот кој најмногу ви оговара секогаш испробајте ја пудрата на вратот а не на раката.
2. Размачкајте го моливчето за очи
Размачканото моливче наместо строгата линија веднаш ќе ви даде посекси и понежен изглед.
3. Нанесете хајлајтер или бела сенка на правилните места
Нанесете хајлајтер на внатрешниот агол на окото и централниот дел од горниот капак за очите да ви изгледаат пошироко отворени. На крајот додадете малку под веѓите и добијте ефект на поткренати веѓи.
4. Нанесете ја маскарата на вистинскиот начин
Издолжете ги трепките и направете тие да изгледаат погусто така што ќе го движите апликаторот напред назад кога нанесувате маскара на горните трепки. Потоа свртете го вертикално за да нанесете на долните трепки.
5. Усовршете го исцртувањето со туш
Залепете парче селотејп или фластер и ќе сфатите дека нанесувањето туш воопшто не е така сложено.
6. Обликувајте ги вашите веѓи
Исцртувањето на вашите веѓи не мора да трае со часови. Сè што ви треба е моливче за веѓи со кое ќе ја исцртате долната линија, а потоа со четка убаво размачкајте нагоре.
7. Покријте ги уморните подочници
Корекцијата со бои е еден од најдобрите начини да ги скриете проблематичните делови како подочниците. Нанесете малку црвен кармин, па прекријте со коректор и нема да остане никаква трага од вашите подочници.
8. Правилно исцртување на усните
Нанесете моливче за усни во форма на „Х“ на горната усна за на најдобар начин да ги исцртате усните и карминот да ви трае подолго.
9. „Зачаден поглед“ за неколку секунди
Нацртајте знак за хаштаг на надворешниот дел од горниот капак и лесно размачкајте.
10. Користете ги истите производи за шминка на повеќе места
Искористете го омиленото моливче за усни како руменило. Само нежно нанесете на јаболчниците и убаво размачкајте.
М. С. | Црнобело