За чиста и мазна кожа без акни - Ставете свежи домати на лицето

Акните се вистинско проклетство за голем број луѓе. За среќа, многумина го оставаат зад себе овој проблем онака како што го оставаат зад себе полнолетството, но има луѓе кои овој проблем ги мачи подолго време.

za-cista-i-mazna-koza-bez-akni-stavete-svezi-domati-na-liceto-1.jpg

Постојат безброј производи за акни, но најголемиот дел од нив се скапи и полни со хемикалии.

Сепак постои еден природен лек кој ќе ви помогне да го решите овој проблем, а можете да го посадите дури и во вашиот двор – свеж домат!

Свежо исечканиот домат може да помогне во смирувањето на акните па дури и да ги намали старите лузни. Тајната се наоѓа во неговиот состав, односно високиот процент на витамините А, Ц, Е и Б6.

Земете свеж домат и пресечете го на пола. Со пресечениот дел тријте ги деловите каде акните се најприсутни. Измасирајте ги деловите со сок од домат и на крајот измијте се со топла вода. Ова е одличен метод за оние кои имаат само неколку минути.

za-cista-i-mazna-koza-bez-akni-stavete-svezi-domati-na-liceto-2.jpg

Сите оние кои може да посветат повеќе време, може да си направат маска за лице за која ви е потребен еден свеж домат кој ќе го засечете во форма на „Х“ на горниот дел. Потоа налејте топла вода низ засечениот дел. Потоа пресечете го на пола и извадете ги семките и ставете ја пулпата додека не добиете доволна паста.

Вака подготвената маска ставете ја на лицето и оставете да делува еден час. Ако редовно ја користите маската, за кратко време ќе забележите неверојатно подобрување.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавуваат бели точки на лицето и како да ги отстраните? Правете пилинг за да ги отстраните мртвите кожни клетки кои обично ги предизвику...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
„Ја најдов најдобрата копија на скап парфем во ZARA, за 125 евра е поевтин од оригиналот“ Кој парфем на ZARA мириса идентично со скапиот дизајнерски парфем на Yves Saint ...
Маска за лице од смокви за помазна и поблескава кожа Без разлика дали ќе се одлучите да ги консумирате или да ги нанесете н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg