Храбра девојка со изгореници на лицето прави беспрекорни туторијали за шминкање
Шалом Блек кога имала само 9 години добила сериозни изгореници на главата, рамениците и рацете, од масло, во ресторанот каде нејзината мајка работела.
На 9 години, останала без својата коса и со сериозни изгореници поради кои другите деца ја малтретирале и исмевале.
По четири месеци поминати во болница, кога излегла, била нарекувана „чудовиште“, „лузна“...
Решила да си замине од Нигерија и да дојде во Америка, со надеж дека ситуацијата таму ќе биде подобра.
Но, исмевањето продолжило...
Таа била на работ од самоубиство: „Се сеќавам еден ден, влегов во тоалетот со нож во рака, прашувајќи се себеси зошто и понатаму луѓето ме гледаат како да сум чудовиште“.
Тогаш се погледнала во огледалото и повторно ја вратила вербата во себе, сфатила дека е убава однатре и дека може да послужи како инспирација и за другите луѓе кои се соочуваат со овие проблеми.
Нејзиниот канал на YouTube имаа над 100.000 следбеници.
На нив може да се сретнат совети за тоа како да препокриете сериозни белези како изгореници:
Но, и совети како да се нашминкате за матура или некоја друга свеченост:
Н. Г. | Црнобело