Фасцинантниот живот на 84-годишен модел кој сè уште чекори на модните писти

Кармен Дел`Орефиче е 84-годишен модел кој сè уште се движи на модните писти, сè уште позира пред фотоапаратите за најпознатите светски списанија и редовно е дел од модните кампањи на дизајнерските куќи.

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-01.jpg

Тајната на нејзиниот младолик изглед и убавина е многу едноставна – таа ужива во добриот сон, пливањето и воопшто не се грижи за своите години. Кармен не ги крие од јавноста пластичните операции кои ги направила.

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-1.jpg

„Секогаш постои нешто што може малку да се промени, но не сè“ – вели таа. Според неа, и умот и телото мораат да се одржуваат во форма, инаку сè е залудно.

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-2.jpg

Кармен станала модел кога имала само 15 години и многупати досега се нашла на насловните на Vogue и Harper’s Bazaar. Во Гинисовата книга е запишана како модел со најдолга кариера.

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-3.jpg

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-4.jpg

Темпераментот го наследила од својот татко кој е Италијанец и воопшто не крие дека ужива во хедонистичките задоволства како сексот и добрата храна.

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-5.jpg

„Живеев фантастичен живот – колку жени кои ги сликал Норман Паркинсон за лична карта знаете?“ – вели таа. Дури и Салвадор Дали ја нарекувал негова муза.

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-6.jpg

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-7.jpg

Таа се надева дека ќе живее до 100 години и дека ќе почине на високи потпетици. А, на нас останува да се воодушевуваме на нејзиниот дух.

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-8.jpg

fascinantniot-zivot-na-84-godishen-model-koj-se-ushte-cekori-na-modnite-pisti-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нијансирање на косата во скандинавски стил – летен тренд за девојки кои не сакаат драстични промени Фризурата е инспирирана од природната боја на коса на убавите Скандинавки и е од...
Чекор по чекор упатства: Како сами да се потстрижите + да си направите фризури? Како најлесно сами да си ги потстрижите шишките, а да не се каете за тоа? И знае...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
10 најпопуларни женски парфеми во 2023 година Погледнете како изгледа листата од најпосакуваните женски парфеми за 2023 година...
Идеи за маникир со панделки: Тренд што ги освои инфлуенсерките Може да ставите панделка на целиот нокт, на одредени нокти, да направите францус...
Девојките масовно јадат сардини за почиста кожа – Колку е точно ова тврдење? Според девојките на социјалните мрежи, тајната на здравата и блескава кожа се кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg