Ѕвезден поглед, драматични трепки: 7-те пролетни трендови на шминкање
Шминката како неизоставен дел од несесерот на секоја девојка е присутна во нашите животи со неколку добри причини – да ги сокрие уморните подочници, несовршеностите на кожата, но и да нè направи поубави, посвежи, или пак целосно да го трансформира нашиот лик, кога имаме желба за тоа.
Уживајќи во пролетната сезона, ова се 7-те трендови за шминкање, кои треба да ги знае секоја обожавателка на декоративната козметика:
Усни во боја на шеќерно јаболко
Сите се сеќаваме на онаа прекрасна црвена боја на шеќерните јаболка.
Оваа пролет, јасно црвената нијанса на усни е во тренд.
Може да одберете бисерен, сјаен или мат финиш на црвениот кармин, сè додека е нанесен на вашите усни со перфектна прецизност.
Јасно исцртана линија на очниот капак во сина боја за перфекционистите, или smokey техника на нанесување сенка за полежерен изглед.
Нијансите варираат од небесна до потемна морнарска сина, а може да вклучите и светки за поголема драматичност.
Во секој случај, ова е шминка за храбри девојки, кои не се плашат да експериментираат.
Изглед кој алудира на бесконечна летна сезона.
Земјени тонови во комбинација со бронзер или руменило во нежна златеста нијанса, кои особено ги истакнуваат јаболчниците. Усните остануваат во неутрални или пастелни тонови.
Тенот на лицето треба да е благо потемнет, но да делува суптилно, нежно и природно, не како да сте излегле од двонеделна посета на солариум.
Драматични трепки
Истакнете ги очите со двојно или тројно повеќе маската отколку вообичаено. Повештите може да употребат пар вештачки трепки со интересен дизајн. Оваа пролет, маскарата во боја е повеќе од добредојдена, исто така нанесена во повеќе слоеви.
Кој вели дека темните нијанси на усни се резревирани само за зимските денови?
Трендот на истакнати усни во боја на црвено вино или шумско овошје, продолжува и оваа пролет. За секси изглед и усни кои искажуваат јасен став, комбинирајте ги овие „тешки“ нијанси со неутрални очи, односно малку маскара.
Раскошно изобилство од пастелни тонови, со послаб и посилен интензитет. Нежно розова или посмела корална нијанса, тонови на праска и светол карамел треба да доловат неутрален, скоро проѕирен изглед на вашето лице.
Конечно имаме целосна слобода да ги обоиме очните капаци со светки за очи во омилената боја. Скоро и да не постојат ограничувања, бидејќи нијансите се движат од сребрена, темно сина, до боја на старо злато или силни корални тонови.
Можете да употребите поголема количина светки, прекривајќи голем дел од очниот капак или пак да исцртате перфектна суптилна линија веднаш над него.
(О)Милена | Црнобело