За или против: 3 негативни страни на екстензиите за коса
Екстензиите за коса се убави и долготрајни (можат да траат од 6 недели до дури 5 месеци). Иако ефектот е многу моќен и за момент ѝ даваат должина, волумен и свежина на косата, ако планирате да вградите екстензии мора да бидете свесни за последиците кои ги носи овој тренд.
Кои се тие последици?
1. Бараат големо внимание
Токму како и вежбањето или диетите, ако сакате добри резултати со екстензиите мора да бидете доследни и притоа да го промените начинот на живот и да се прилагодите на ова помагало. Всушност, потребно е секојдневно одржување на екстензиите за да останете убави и да не ја оштетите вашата природна коса.
Тоа вклучува посебно миење, сушење и чешлање на косата. Ако не сте тип на личност која секојдневно ќе троши дел од своето скапоцено време посветено на косата, тогаш подобро не ги вградувајте затоа што во спротивно за брзо ќе зажалите.
2. Ќе ја уништат природната коса
Ако веќе сте се одлучиле за дефинитивно вградување, многу е важно тоа да го направите кај искусен фризер затоа што погрешното или аматерското редење или отстранување на истите може значајно да ја оштети вашата природна коса.
На пример, ако фризерот ви стави преголем број екстензии или не ја одржувате косата правилно, тога екстензиите можат да предизвикаат паѓање на косата или пукање на здравите влакна.
Местото на кое екстензијата е залепена за природниот прамен ќе остане оштетен, а влакната на тоа место често ќе ви пукаат. Оние кои ќе одлучат да стават трајни екстензии мора да бидат свесни дека оздравувањето ќе биде долго и бавно.
Исто така, кога ќе ги отстраните екстензиите на косата ѝ е потребно добро да ја потхраните со маска за коса и други препарати за нејзина нега.
3. Можат да бидат неквалитетни
Екстензиите станаа многу популарни во текот на последните години, а пазарот стана преплавен со прамени од вештачки и вистински влакна кои доаѓаат од целиот свет. Со оглед на тоа што екстензиите долго време ќе стојат на вашата глава, навистина е важно производот кој го редите на природната коса да биде квалитетен.
Уште веднаш, по неколку миења на косата неквалитетните (евтините) екстензии можат да пукнат и да ја променат структурата и за многу кратко време ќе изгледаат непривлечно и ќе станат забележливи.
Цената на вградување на екстензии може да биде навистина висока, па пред да се одлучите на евтината варијанта, проверете од каде доаѓаат екстензиите и кој ќе ви ги вградува.
С. С. | Црнобело