Го користев Philips Lumea Prestige 6 седмици – погледнете ги финалните резултати! (фото)
Не можам да поверувам дека поминаа шест недели откако го започнав тестирањето на Philips Lumea Prestige! Имам впечаток како да беше вчера кога прв пат се сретнав со ова магично апаратче кое ми го олесни животот. Ова е мојот финален пост во кој ќе ги споделам моите генерални впечатоци, резултатите после 3 третмани и ќе го направам четвртиот третман.
Доколку ги пропуштивте моите претходни постови, можете да ги најдете: првата средба со Philips Lumea Prestige, вториот овде и третиот тука.
Од последниот пост, после втората употреба на Philips Lumea Prestige, кога можев да забележам 70% намален раст на влакната, денес сум супер подготвена за четвртиот третман. Моменталната состојба: после третиот третман, влакната на нозете се комплетно проретчени!!!, можам да кажам слободно за 85%! На рацете речиси и нема влакна, а особено ме радува бикини зоната (сега е мазна и чиста – спремна сум за плажа без замарање дали се ѕирка некое влакно).
Не можам да ви опишам колку е убаво чувството кога немате обврска секој ден да се бричите, не ви боцкаат нозете, слободно носите кратки ракави затоа што рацете ви се совршено мазни – на радоста и нема крај! :-)
На третираните места има делови каде воопшто не се пораснати нови влакна, а оние малку кои се останати се меки и речиси незабележливи. Третманот на нозете, рацете, бикини зоната и пазувите овој пат комплет го направив за 20 минути – лесно и брзо е кога немате влакна (таман паралелно за време за една епизода од серијата која ја следам?).
Што можам да заклучам од моето искуство со Philips Lumea Prestige во изминативе 6 седмици?
Кога го добив уредот на користење, искрено бев скептик, затоа што звучеше премногу добро за да биде вистинито, но сепак бев решена и оптимист дека треба да му дадам шанса - немав што да изгубам.
После првиот третман и првите видливи резултати оптимизмот растеше и едвај го чекав следниот третман, а промените ги следев секојдневно. Самото тоа што веќе после вториот третман, буквално влакната беа проретчени за 70%, ми е и повеќе од доволна мотивација да продолжам да го користам Philips Lumea Prestige.
После четвртиот третман, кога веќе ќе бидат отстранети сите влакна, за одржување на резултатите, потребно е да правам по 1 третман на 6 до 8 недели. А користењето, е вистинско уживање – го правам третманот дома, кога сакам и каде сакам, брзо е, безболно, тивко и си го правам со мерак.
Доколку успеав да ве заинтересирам и се размислувате за купување на Philips Lumea до крајот на месец Мај имате можност да го купите во маркетите на Нептун, на 36 рати, што ќе ви дојде по 433 или 861 денари месечно, зависно од моделот.
Јас сум презадоволна од резултатите, а тука може да прочитате и повеќе информации и review-а, да разгледате видеа за начинот на употреба и често поставувани прашања.
Секојдневно блиските ме прашуваат за резултатите и со задоволство ги споделувам. Да, одлично се чувствувам, посреќна, посамоуверена – си најдов нов пријател, се вика Philips Lumea :-)