Постојат 5 облици на женски задници: Каков е вашиот?
Како што обликот на градите може да ви открие кој градник е совршен за вас, така треба што поскоро да ја откриете формата на вашиот задник за соодветно да ја одберете најудобната долна облека.
Женските задници се поделени на 5 основни облици, а секој посебно си побарува одреден тип на долна облека во која ќе се чувствувате пријатно и воедно ќе изгледате беспрекорно.
Откријте каков е вашиот задник и со каква долна облека треба да се подновите:
1. Задник во облик на квадрат
Ќе го препознаете така што колковите имаат иста ширина и немаат заоблувања.
Долна облека која најдобро ви прилега: Гаќички со висок струк, боксерки, танга.
Не помислувајте на: Долна облека која претерано ви ги затега бутовите и задникот и дополнително го прави порамен.
2. Во облик на буквата V
Ќе го препознаете по широките колкови, но слаби бутови, кои кога ќе ги споите ја формираат буквата V.
Долна облека која најдобро ви прилега: Боксерки, триаголнести и обични гаќички.
Не помислувајте на: Модели кои се претерано тесни и кои дополнително ќе ви го стегнат задникот.
3. Во облик на буквата А
Најчесто го имаат жените со облини, а ќе го препознаете по тоа што колковите се тесни, а задникот почнува да се шири над бутовите.
Долна облека која најдобро ви прилега: Удобни модели со висок струк, триаголнести гаќички, танга или боксерки направени од растеглива чипка.
Не помислувајте на: Долна облека која има ластици кои стегаат. Ќе се чувствувате неудобно и плус линиите од ластиците ќе ви се ѕиркаат под облеката.
4. Заоблен задник
Најпопуларниот облик изминативе години, а ќе го препознаете по развиените мускули и слабиот струк.
Долна облека која најдобро ви прилега: Модели кои целосно го покриваат и не го „сечат“ или целосно го откриваат, пример танга.
Не помислувајте на: Полу-танга или боксерки со стегнати ластици.
5. Со облик на превртено срце
Можеби најпосакуваниот облик за задник заради тесниот струк, а широки колкови и бутови.
Долна облека која најдобро ви прилега: Речиси секој модел на гаќички ви стои добро, единствено може да се откажете од боксерките кои ќе ве стегаат кај колковите.
Не помислувајте на: Ништо не ви е посебно забрането.
М. Д. | Црнобело