Едноставни трикови со кои максимално ќе ја одложите следната депилација
Првата асоцијација за депилацијата на која на најмногу жени помислуваат е болката. Сите знаеме колку боли и колку е непријатна (особено на интимното подрачје). Иако бричот е најпопуларен кога станува збор за отстранување на влакната на нозете, депилацијата со топол восок е исто така застапена.
Ако и вие спаѓате во оние кои се депилираат, а сакате нозете да ви останат што е можно помеки, еве 3 едноставни трикови кои максимално ќе ја одложат депилацијата.
1. Пилинг
Навистина е важно добро да ја подготвите кожата пред да започнете да ги отстранувате влакната. Тоа најдобро ќе го постигнете со квалитетен пилинг – особено оној од морска сол. Во текот на туширањето, на мокри нозе нанесете полна дланка сол и почнувајќи од глуждовите нагоре со кружни движење тријте ја кожата. Солта ќе ги отстрани мртвите клетки кои се собираат на површината од кожата и кои го намалуваат ефектот на восокот.
2. Мокра кожа
Во текот на денот, телото лачи природно, заштитно масло кое ја штити кожата од надворешните влијанија. Но, токму тоа масло го намалува квалитетот на депилацијата бидејќи поради неа влакната за многу кратко време стануваат видливи. Ако сакате максимално да ја одложите следната депилација направете го следново:
Пред да започнете со депилирање, добро навлажнете ја кожата. Направете топла купка или продолжете го туширањето за 2 до 3 минути. Водата ќе ја омекне кожата, ќе ги отвори нејзините пори и така полесно ќе можете да ги отстраните.
3. Пена или гел за бричење
Ако сакате да постигнете максимален ефект, спојте го туширањето и депилацијата. Тајната се крие во нанесување на пена или гел за бричење. Откако добро ќе ја намокрите кожата, веднаш нанесете пена за бричење и тоа што е можно во подебел слој.
Обилно нанесената пена или гел максимално ќе ја задржи влагата на кожата, што значи подолго ќе ви бидат отворени порите. Исто така поради дебелиот слој пена или гел самата депилација ќе трае многу помалку и ќе биде многу попријатна.
С. С. | Црнобело