BB крема или CC крема - Што да одберете?

Без разлика на тоа што BB и CC кремите никогаш нема да ги заменат течните и камените пудри за комплетно шминкање, истите се идеални за жените кои наутро имаат само 30-на минути на располагање пред да излезат за на работа.

bb-krema-ili-cc-krema-shto-da-odberete-01.jpg

BB крема или „Blemish Balm“ е текстура која ја негува кожата, која помага да прикривање на неправилностите и раните, но што е најважно – го покрива црвенилото.

Ако благодарение на BB кремите исчезнат сите недостатоци на лицето, нема жена која нема да се чувствува убаво, а што е најважно нема да чувствува „тежина“ на лицето.

Практично ќе се чувствувате како воопшто да не сте ставиле шминка на себе, а ќе блескате и ќе изгледате одморено.

Откако се навикнавме на BB кремите, на полиците на козметичките продавници пристигна уште еден производ – понапредната верзија на BB кремите, CC кремите.

Кај некои брендови, кратенката СС означува „complete correction“, а кај некои „color control“.

Првата верзија се однесува на оние препарати кои овозможуваат подобро прикривање, скоро како течните пудри, но се полесни и подобри за лицето.

Втората верзија има повеќе состојки кои ги избелуваат дамките на лицето кои настануваат како резултат на хормонските промени или претераната изложеност на сонце.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Какви фризури и накит ви стојат најдобро, според формата на лицето? Ако имате лице со форма на квадрат, најдобро ќе ви стојат фризури и накит кои ќе...
Грчки маникир – тренд за нокти за лето 2024 (фото) Наместо лубеници и палми, летово хит е маникир украсен со препознатливите бои на...
Румени образи, пердувести веѓи: Есенски трендови за шминка Оваа есен не го заборавајте руменилото, а шминката за очи нека ви биде во постуд...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...
Парфеми од LIDL кои се замена за скапи дизајнерски мириси (и вреди да ги набавите) Кои парфеми во LIDL вреди да се пробаат и на кои скапи дизајнерски мириси се зам...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg