Како да ги нашминкате очите според нивниот облик?
Не постои сомнеж дека секоја жена е убава и посебна онака како што природата ја создала.
Шминката може да ја направи секоја жена уште поубава подеднакво лесно како што може да направи да изгледа и неубаво.
Затоа научете да ја препознаете формата на очите и вистинскиот начин како да ги нашминкате:
Кружна форма на очи
Ако очите ви се широко отворени но сепак ви се гледа белката под ирисот тогаш имате кружна форма на очи. Тоа значи дека при нанесувањето шминка вашата главна цел е да направите што повеќе да добијат изглед на бадем. А, тоа ќе го постигнете на следниот начин:
- Нанесете основа на горниот капак од пудра или сенка за очи во нијанса на кожата.
- Потоа визуелно променете ја формата на окото така што ќе нанесете темна сенка на надворешната страна на горниот капак.
- Исцртајте линија со молив за очи покрај трепките за да ја истакнете кружната форма на очите. Подобро е линијата да не започнува од од внатрешниот агол на окото туку од средината на горниот капак па сè до надворешниот агол, завршувајќи со мал издаден дел.
- Можете исто така да го исцртате и внатрешниот дел од горниот капак веднаш покрај трепките за да добиете поинтензивна боја.
- За поголем волумен на трепките, нанесете два слоја маскара.
Спуштени капаци
Имате очи со спуштени капаци ако горниот капак речиси се преклопува со трепките а подвижниот дел од очниот капак е скриен. Вашата цел при нанесувањето на шминката е да направите очите да ви изгледаат подлабоки, нагласувајќи ја нивната егзотична форма и природната убавина.
- Нанесете основа на горниот капак од пудра или сенка за очи во природна нијанса.
- Имајќи ја предвид формата на окото, исцртајте линија малку подалеку од трепките и размачкајте ја.
- Нацртајте линија на горниот капак покрај трепките. Потоа исцртајте само 1/3 од долниот капак.
- Важно е да не заборавите да исцртате линија на внатрешната страна од горниот капак.
- Користете маскара за изразен волумен, а избегнувајте ги тие за издолжување на трепките. Нанесете и на горниот и на долниот капак.
- Можете да исцртате светла беж линија над горниот капак. Уште подобро ќе биде ако изберете сјајно моливче, за погледот да виде уште помек.
Очи во форма на бадем
Очите во форма на бадем се долги и заоблени достигнувајќи до носот и имаат остри краеви. Ова е најлесната форма за шминкање, бидејќи речиси секаков вид шминка одговара на оваа форма. За вечерна шминка одберете темни бои, како зачадени очи, а дневната шминка ќе биде најистакната ако е во светли нијанси.
- Нанесете основа на горниот капак од пудра или сенка за очи во природна нијанса.
- Нанесете беж сенка на горниот капак кон веѓите.
- Нанесете сенка во среден тон (окер, златна или друга земјена нијанса) на подвижниот дел од капакот.
- Истакнете ја браздата на горниот капак со темна линија. Внимателно размачкајте ја.
- Со помош на моливче продолжете ја линијата кон надворешните делови на окото.
- За поголема експресивност користете црна маскара. Фокусирајте се на надворешниот дел од трепките, тоа дополнително ќе ја изрази вашата форма на очи.
Вдлабнати очи
Ако надворешните краеви на очите ви се благо спуштени, понекогаш тоа ви дава тажен или изморен изглед. Ваша задача е да ги направите поживи и повесели. Потребно е малку да го подигнете горниот раб на окото и да исцртате правилна продолжена линија:
- Нанесете основа на горниот капак од пудра или сенка за очи во природна нијанса.
- Нагласете го горниот капак, исцртувајќи права линија покрај трепките. Линијата треба да биде тенка и да изгледа природно, веднаш покрај трепките.
- Внимателно нанесете поинтензивна боја на надворешниот дел од капакот, па размачкајте ја дијагонално сè до надворешниот раб на окото.
- Продолжете ја малку линијата покрај линијата на сенката.
- Користете маскара само за средниот и внатрешниот дел од трепки, не нанесувајте на надворешниот дел. Истото важи и за долните трепки.
- Девојките со ваква форма на очи не треба да ја користат техниката „зачадени“ очи бидејќи темните тонови само привлекуваат внимание на спуштените агли на окото.
М. С. | Црнобело