10 трикови со кои ќе станете мајстор во шминкањето

Шминкањето претставува уметност на која многу жени гледаат како на магичен подарок за женскиот род.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-01.jpg

За многу жени може да се каже и дека се мајстори во оваа уметност, бидејќи секогаш успеваат да ги потенцираат своите најдобри карактеристики и да ги прекријат своите слабости.

Но, понекогаш, дури и оние дами кои редовно употребуваат некаква козметика, не се свесни за сите тајни на убавината.

10-те најважни трикови со кои ќе станете мајстор во нанесувањето на шминка, а вашето лице, личен печат и ремек-дело:

1. Како да се грижите за вашите четки?

Квалитетните четки можат да траат цела вечност, но потребно е правилно да се грижите за нив. За да ја задржите добрата состојба на четките, важно е никогаш да не ги оставате валкани и со остатоци од козметика. Мијте ги редовно со благи шампони и оставете ги да се исушат природно на крпа.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-1.jpg

2. Не се шминкајте одново, поправете ги грешките

Нема потреба од отстранување и повторно нанесување на шминката која ви се размачкала. За да го освежите вашиот изглед, нанесете тенок слој на тоник на лицето и размачкајте го со памук, а потоа само малку нанесете камена пудра за кожата одново да изгледа како меко кадифе.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-2.jpg

3. Избегнувајте скапи препарати за ексфолирање на кожата

Не ви требаат многу пари за да ја одржите мекоста на вашата кожа, сè што ви е потребно е евтин, но ефикасен домашен препарат. Комбинирајте 4 лажици шеќер со 3 лажици маслиново масло. Пред да се туширате, нежно нанесете го препаратот на вашата кожа, а потоа отстранете го со млака вода.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-3.jpg

4. Грижете се за вашите усни

За да успеете совршено да го нанесете омилениот кармин, вашите усни треба да бидат мазни. За тоа потребен ви е домашен препарат со кој постојано ќе ги негувате вашите усни. Комбинирајте еднакви делови на кафеав шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила. Нежно масирајте ги усните со смесата, а потоа избришете ја со марамче. Сега сте подготвени за кармин.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-4.jpg

5. Никогаш не купувајте пудра која е една нијанса потемна од вашата кожа

Немате потреба од безброј пудри во несесерот. Потребна ви е една светла нијанса која потоа, ако сакате малку да ја затемните, можете да ја комбинирате со бронзер.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-5.jpg

Уште 5 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Полни усни, заводлив поглед: Кои се најубавите латино жени во светот во 2024? Од Шакира, преку Салма Хајек, до Ева Лонгорија - кои се 20-те најубавите латино ...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...
10 најпопуларни женски парфеми во 2023 година Погледнете како изгледа листата од најпосакуваните женски парфеми за 2023 година...
7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги...
8 работи што не треба да ги правите откако ќе ставите ботокс (барем неколку часа) Избегнувајте да го допирате лицето и ноќта по процедурата, немојте да спиете на ...
Предлог фризури со панделки: Тренд што ќе им се допадне на елегантните девојки (фото) Фризурите со панделки стануваат мошне популарни, а изгледаат навистина елегантно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg