8 тајни за шминкање кои ќе ви ги направат очите повпечатливи

Многумина веруваат дека очите се огледало на душата, па не е ни чудо што секоја жена се труди да ги направи поголеми, посјајни и попривлечни.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-01.jpg

За таа цел не ви се потребни часови поминати пред огледало, туку само овие 8 тајни во шминкањето кои од денес треба да ви станат рутина:

1. Акцентирајте ги веѓите со тоа што ќе ги исчеткате, пополните со моливче и ќе нанесете светла сенка под нив.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-02.jpg


2.
Користете хајлајтер на надворешниот агол од очите.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-03.jpg


3.
Цртајте драматични, црни мачкини очи.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-04.jpg


4.
Зачадените очи се уште еден одличен избор кој ќе ви ги истакне очите, посебно ако имате светли очи.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-05.jpg


5.
Не заборавајте да нанесете бело моливче на долниот раб од окото ако сакате очите да ви изгледаат пошироко отворени или пак на внатрешниот агол, ако сакате погледот да ви добие длабочина.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-06.jpg


6.
Задолжително виткајте ги трепките.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-07.jpg


7.
Издолжете ги трепките така што маскарата ќе ја поставите на коренот, ќе направите хоризонтални движења, ќе погледнете нагоре и полека ќе повлечете. Повторете ја постапката неколкупати.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-08.jpg


8.
Нанесете кармин во неутрални бои.

8-tajni-za-sminkanje-koi-ke-vi-gi-napravat-ocite-pogolemi-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за нежен маникир кои покажуваат дека убавината е во едноставноста Овие идеи ќе ве убедат дека сепак „помалку е повеќе“, а сигурно ќе ве инспирираа...
Чекор по чекор упатства: Како сами да се потстрижите + да си направите фризури? Како најлесно сами да си ги потстрижите шишките, а да не се каете за тоа? И знае...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Завршете го летото со шарен маникир: 25 идеи за нокти во весели бои (фото) Весели и дречливи бои, нокти кои не мора да се совршено налакирани, но ќе бидат ...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg