Бизаренд тренд: Си го мерат струкот со лист хартија за да проверат дали се доволно слаби
Пред извесен период на кинеската социјална мрежа Weibo се појави бизарен тренд - девојки и момци се обидуваа да си го допрат папокот за да покажат дека се во топ форма.
Сега, повторно се појави нов бизарен кинески тренд според кој девојките се доволно слаби само ако нивниот струк не е поголем од обичен лист хартија во A4 формат.
Предизвикот подразбира да поставите лист хартија пред вашето тело и да видите дали двете страни од вашиот струк не се гледаат зад парчето хартија.
Потоа, се фотографирате заедно со хаштаговите #tinywaistchallenge и #A4waist и ја објавувате фотографијата на Инстаграм.
Би пробале или мислите дека е луда идеја?
Н. Г. | Црнобело