Мирисот на сoништата - подарок од AVON за жените за 8 март
Парфемот Dreams е нежна мешавина од водна слива, роза и интензивни дрвја, a со маскарата Big & Multiplied Volume трепките се оптички мултиплицирани и добиваат интензивен волумен.
Со цел да ги изненади припадничките на понежниот пол, козметичката компанија AVON го избра Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март како идеална пригода да претстави два нови прекрасни производи.
Парфемот Dreams е нежна мешавина од водна слива, роза и интензивни дрвја, a со маскарата Big & Multiplied Volume трепките оптички се мултиплицираат и добиваат интензивен волумен. Новите производи веќе им се достапни на домашните вљубеници во квалитетната шминка и во свежите и заводливи мириси.
При изработката на новиот парфем Dreams, главната мисла водилка на светски познатите и наградувани парфумисти на AVON била да се долови невиноста и убавината на детските соништа, но и чувството дека сè е возможно. Сето тоа е ‘спакувано’ во комбинацијата на водна слива, роза и интензивни дрвја, а пораката која стои зад овој нов производ е „Сè е возможно со Avon Dreams“.
- На 8-ми Март, сакаме да им порачаме на сите жени никогаш да не престанат да сонуваат. Да се сетат на чувството на бескраен сон во младоста, на невиноста и оптимизмот. Сега е време да се обноват тие длабоки чувства, да се сетите на заборавените соништа и да ги остварите – истакнуваат од AVON.
И познатата холивудска дива Одри Хепберн вели дека убавината на една жена е во нејзините очи, а козметичката компанија создаде производ кој ќе им помогне на жените да имаат заводлив поглед. Маскарата Big & Multiplied Volume е дизајнирана со цел да не се создаваат згрутчувања, без размачкување.
“Најлесниот начин да добиете драматично впечатливи трепки е да нанесете од маскарата Big & Multiplied и да добиете инстантен волумен. Водоотпорната формула ги дефинира и одвојува трепките, без грутки и размачкување - за најгламурозен изглед на трепките досега,” вели глобалната AVON мејкап артистка Лорен Андерсен.
- Маскарата е направена со помош на нова револуционерна Smart SLIP технологија, која ја одвојува и ја зголемува секоја трепка. Воедно, соодветна е и за луѓе со особено чувствителни очи – посочуваат креаторите на Big & Multiplied Volume.
Неодамна, AVON својата носечка идеологија ја наслови „Убавина со цел“, мото кое комплетно ја раскажува приказната за компанијата која покрај тоа што создава производи за убавина, се грижи и за благосостојбата на жените и поттикнувањето на нивната лична независност и самостојност. По тој повод, на социјалните мрежи беше организиран и креативен предизвик, на кој жени од Македонија преку специјално дизајнирана апликација и под знакот #УбавинаСоЦел креираа персонализирани постери со свои лични пораки за повисоките цели на убавината. Пристигнаа голем број пораки, а жирито составено од Зоналните менаџери на Avon Македонија ја одбраа најдобрата – „Убавината е во малите нешта. Таа е постоење и чувство на безусловна среќа!“. Авторка е студентката на Економски факултет, Росана Митевска која е и AVON Претставничка.
Компанијата посочува дека и во иднина ќе продолжи со активности со фокус на жените како нивна најголема инспирација. Неизоставен ден од работата се и континуираните заложби и кампањи на компанијата, поврзани со борбата против ракот на дојка и против семејното насилство.