Природни начини за растење на прекрасни трепки: Пијте зелен чај, масирајте ги очните капаци
Сите жени знаат дека еден од најлесните начини да освојат маж е преку трепкање. Проблемот настанува кога немате трепки со кои ќе трепкате...
Поради преголемо триење на очите, носење вештачки трепки, спиење на стомак, нагласување на очите со маскара или несвесно откорнување, вие ги оштетувате тие скапоцени фоликули кои ви помагаат да имате убави трепки.
Пред да почнете да паничите и да посегнете по вештачките - поради кои и првично ви отпаднале неколку трепки, прочитајте ги овие природни начини за растење на прекрасни трепки без хемикалии и скапи третмани:
1. Масирајте ги очните капаци
Масирањето на очните капаци ја зголемува циркулацијата, која пак го зголемува крвотокот до површината на кожата и ги потхранува фоликулите. Нежно масирајте во кружни движења, а истото може да го правите и на скалпот, ако имате тенка коса.
2. Користете масло од рицинус
Маслото од рицинус има анти-воспалителни и анти-бактериски својства и прави чуда за косата и веѓите. Користејќи памук, нанесете го маслото од коренот кон врвовите и повторувајте го процесот неколку пати неделно.
3. Внесувајте витамин Е
Витаминот Е е одличен како орален суплемент, но може да го нанесете и на трепките така што ќе ја отворите капсулата и нејзината содржина директно ќе ја истурите на влакненцата. Бидете внимателни да не ви влезе во очите. Ако се случи тоа, тогаш внимателно измијте ги очите и пробајте одново.
4. Третирајте со алое вера
Пред да си легнете нанесете гел од алое вера користејќи чиста четка од маскара. Уште подобра идеја е да се напиете сок од алое вера за да се исчистите од токсини. Вообичаено, она што се случува во внатрешноста, се гледа во надворешноста.
5. Пијте зелен чај
Кофеинот и флавоноидите кои ги има во зелениот чај ќе поттикнат раст на влакната. Ако не ви се допаѓа за пиење, тогаш потопете ја вреќичката со чај во жешка вода, оставете да се олади и истријте ги очите со чајот користејќи памук.
6. Хранете се здраво
Освен здравиот раст на влакна, здравата исхрана богата со хранливи материи ќе ви овозможи и поздрава кожа – т.е. основата за поздрави влакна. Секогаш запомнете дека вашата исхрана е основа за здрав живот и убав изглед.
7. Секогаш отстранувајте ја шминката
Шминката не е нешто што треба постојано да биде на вас бидејќи ви ги блокира порите. Колку помалку шминка имате на трепките, толку побрзо и поздраво ќе ви пораснат. Многу е важно шминката секогаш да ја отстранувате пред да си легнете. Ако е можно, паузирајте со маскара и погледнете ги прекрасните ефекти од растењето на трепките.
8. Престанете да ги допирате
Ако не правите ништо од наведеново, тогаш барем престанете да ги чепкате трепките. Најлошо нешто што може да направите е да ги допирате трепките.
С. С. | Црнобело