За мажите: Неверојатно добри совети за фризури од Џони Кеш
Џони Кеш е еден од најпознатите мажи во музичката историја. Тој е од оние кул типови што никако не можат да се опишат. Секако дека тоа е многу поврзано со неговото бунтовно однесување, силен карактер и начинот на кој се носи.
Згора на сѐ, неговиот мистичен поглед постои благодарение на неговата неверојатно згодна коса која ја краси неговата глава во најдобрите години од неговата кариера.
Во време пред да постојат професионални стилисти кои се осигуруваат дека секој фоликул од скалпот е на своето место, Кеш успеал да го задржи својот карактеристичен имиџ и притоа ја засекогаш измена музичката историја.
Ова се 5-те совети за фризура кои може да ги научиме од Џони Кеш:
1. Кога ќе најдете стил што ви одговара, држете се до него
Моментално, новите нешта имаат поголема шанса да бидат модерни, отколку оние класичните. Но, бидете сигурни дека воопшто не е срамота да се држите до фризурата која знаете дека ви стои добро и ви се допаѓа. На тој начин, нема да се заморувате со тоа како луѓето реагираат на нова фризура и можете да се фокусирате на многу поважни нешта.
2. Обрнете внимание на малите нешта
Знаете ли која е тајната на успехот? Строгото внимавање на секој детаљ од она што се обидувате да го постигнете. Истото нешто важи кога сакате да изгледате одлично. Совршената должина и неколку немирни влакна – ваквите мали нешта е токму она што ги двојат вистинските мажи од момчињата.
3. Не се плашете од гелот за коса
Во денешно време, скоро да не постои маж кој го избегнува гелот за коса. Токму затоа, малку сјај во косата е токму она што ќе ве одвои од останатите.
4. Имајте самодоверба
Можеби 2016-та е година на фризурите со текстура, но тоа не значи дека не можете да носите замазнета фризура. Сѐ што ви е потребно е доза на самодоверба и израз на маж кој воопшто не се грижи какви трендови се во мода.
С. С. | Црнобело