4 добри причини зошто да престанете да се шминкате од денес
Шминката им дава многу самодоверба на жените, но нема ништо поубаво и посекси од природниот изглед на лицето. Затоа дајте ѝ да дише на кожата барем неколку дена неделно и пробајте да бидете природни.
Ова се 4-те одлични причини зошто да престанете да ставате шминка:
1. Кожата ќе ви биде благодарна
Поголемиот дел од производите содржат штетни и токсични материи кои веднаш се апсорбираат во кожата. Козметичките производи содржат пропилен гликол, натриум бензоат и одредени канцерогени супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции.
Ако сакате да имате блескава кожа без дамки, мора да престанете да ја покривате со еден тон шминка. Ако постојано носите шминка, таа ќе се впие во порите и ќе ги зголеми – што на крајот ќе создаде дамки или акни на лицето.
2. Ќе имате повеќе слободно време
Просечната жена нанесува дури 17 козметички производи пред да го напушти домот. А, за примена на сите тие производи е потребно најмалку еден час дневно.
Едно истражување покажало дека просечната жена поминува 474 денови од својот живот во шминкање. Затоа, престанете да се шминкате и ќе имате еден час дневно во кој може да правите што сакате.
3. Ќе научите да ги сакате вашите недостатоци
Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секоја жена е прифаќањето на своите недостатоци. Првиот ден кога ќе престанете да носите шминка ќе се чувствувате како да сте голи.
Можеби ќе ви биде малку непријатно што сите можат да ги видат вашите пеги и акни. Сепак, ќе научите да ги прифаќате вашите недостатоци и да го сакате вашето лице со сите свои маани и единствени карактеристики.
4. Ќе имате поголема самодоверба
Вистина е дека сенката за очи и маскарата нема да ви ја зголемат самодовербата и самопочитта. Фокусирајте се да се сакате себеси во природно издание. Еднаш кога ќе научите да се прифатите онака како што навистина изгледате, тогаш вашата самодоверба ќе се крене до небото.
С. С. | Црнобело