Супер трикови со кои козметичките препарати ќе ги искористите до последна капка

Ако соберете и изброите колку млека за тела, кармини и лакови за нокти имате фрлено без да бидат целосно потрошени, сигурно во пари тоа ќе ве чини едно мало богатство.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-001.jpg

За козметичките препарати да ви траат подолго и да ја искористите секоја капка од нив, ви помагаме со овие супер трикови кои ќе ви заштедат доста пари на месечно и годишно ниво:

1. Остатокот од пудрата во шишенце искористете ја така што во неа ќе додадете малку крема за лице. Така ќе добиете совршена лесна подлога.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-01.jpg


2.
Пред да ги фрлите кремите во туба, исечете ги на половина и со стапче за уши соберете го тоа што е останато. Ќе имате за уште една недела најмалку.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-02.jpg


3.
Поправете ја скршената сенка или било кој препарат во прав, така што ќе капнете медицински алкохол додека не добиете густина на паста. Кога алкохолот ќе испари, текстурата повторно ќе биде иста како претходно.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-03.jpg


4.
Исушената маскара, тушот за очи или кремаста сенка можете секогаш да ги „оживеете“ со неколку капки физиолошки раствор.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-04.jpg


5.
Трепките кои веќе еднаш сте ги залепиле, исчистете ги од залепената маскара и силиконски лепак со помош на медицински алкохол и четка за веѓи.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-05.jpg


6.
Потопете ја маскарата во топла вода за да ја вратите текстурата и полесно да ја нанесете. Само внимавајте добро да е затворена.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-06.jpg


7.
Ако сте при крај со сјајот за уста, извадете ја гумата или пластиката која е како додаток на самото шишенце. Така полесно ќе земете поголеми количини.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-07.jpg


8.
Поправете го скршениот кармин со помош на запалка.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-08.jpg


9.
Извлечете го максимумот од парфемите тестери така што ќе ги ставите во млекото за тело кое го користите секојдневно.

super-trikovi-so-koi-kozmetickite-preparati-ke-gi-iskoristite-do-posledna-kapka-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог фризури со панделки: Тренд што ќе им се допадне на елегантните девојки (фото) Фризурите со панделки стануваат мошне популарни, а изгледаат навистина елегантно...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
Како да ја затегнете опуштената кожа на вратот (и зошто се јавува)? Не излегувајте од дома без крем со фактор и правете едноставни вежби за врат, ко...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg