Зошто сите го фотошопираат стомакот на Џиџи Хадид?
На прв поглед, нема да разберете за што се работи. Ќе си помислите „и онака е совршена“, зошто некој би ја фотошопирал Џиџи Хадид?
Откако ќе ги споредите нејзините Инстаграм фотки со оние официјалните од модните едиторијали и списанија, ќе сфатите што недостига - нејзините бенки по целото тело.
Од кога бенките се „маана“ која треба да се отстранува?
Додека Џиџи без срам ја слави убавината на телото со ситни бенки, модните бреднови за кои таа работи упорни ги бришат и прикриваат со Фотошоп.
Последната драстична трансформација на стомакот и кожата на Џиџи беше најновата насловна за Вог Кина.
Уште 14 фотки на кои стомакот и кожата на Џиџи беа Фотошопирани без добра причина:
М. Д. | Црнобело