15 идеи за минималистички и ненаметлив маникир
Минималистичкиот маникир е одраз на елеганција, сензуалност и префинетост, па воопшто нека не ве чуди што опстанал толку долго низ годините.
Она што е најважно во оваа техника на лакирање на ноктите е посветувањето големо внимание на деталите. Тие може да направат ноктите да изгледаат одлично, но може и да го уништат нивниот изглед колку и да е добра основата.
За да добиете убави нокти кои ќе останат забележани со својата едноставност и ненаметливост погрижете се боите кои ќе ги користите да бидат складни, а деталите суптилни.
За сите вие кои имате желба да експериментирате со оваа техника ние ви нудиме 15 идеи за минималистички и ненаметлив маникир.
М. С. | Црнобело