Девојката која не користи шампон и регенератор 1 година, вели дека косата никогаш не ѝ била поздрава

Кајли Конвеј е 28-годишна девојка која сакала на природен начин да ја одржува својата коса и да ги исфрли хемикалиите од секојдневието, па првиот чекор било откажувањето од шампонот и регенератор.

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-001.jpg

Ваквата козметика ја заменила со природни алтернативи, како сода бикарбона, маска од јајца, глина и измивање со оцет, после кои како што тврди, косата и изгледа поздрава и поубава од било кога.

Покрај добрите резултати, Кајли вели дека заштедила многу пари.

„Косата ми изгледа поздраво од било кога. Свети, побрзо расте и има поголем волумен. Сега е лесно, само станувам, ја чешлам косата и излегувам.“

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-01.jpg

Пред да го започне овој експеримент, со косата на Кајли се било во ред. Освен тоа што ја исправувала со пегла и имала суви врвови, немала никаков друг проблем.

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-05.jpg

Проблемите дошле штом го започнала експериментот, но била доволно упорна за да ги издржи.

„Нема да ве лажам, на почетокот беше грозно. Мојата коса се чистеше од хемикалиите насобрани од шампоните и регенераторите, па беше толку мрсна што дури ни собирањето во опавче не ми помогна.“

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-02.jpg

Сега Кајли ја мие косата на 4 дена, влагата ја впива со пешкир и не користи фен за сушење. Понекогаш знае да ги испегла врвовите за некој свечен настан, но вели дека не и посветува повеќе од 5 минути.

„Ја обожавам оваа рутина. Сега чувствувам дека косата ми е цврста, сјајна и без слоеви силикон од козметичките препарати.“

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Боб фризура е хит за пролет ‘24: Кои Македонки го следат светскиот тренд? Ако сакате да го смените својот изглед на почетокот на пролетта, почнете од коса...
Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем) Антибактериските сапуни може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат кор...
Алтернативи за сув шампон кои ќе ве „спасат“ во последен момент Пченкарниот скроб неретко се среќава во нашите кујни, а е уште една евтина и доб...
Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпор...
Завршете го летото со шарен маникир: 25 идеи за нокти во весели бои (фото) Весели и дречливи бои, нокти кои не мора да се совршено налакирани, но ќе бидат ...
Дали оваа бринета е една од најубавите Либанки? Нејзините неверојатно зелени очи ѝ се заштитен знак. Дали Џесика Кахавати е една...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg