Инстаграм профил на една мајка со безброј идеи за плетенки
Кога немате идеја што да направите со косата на вашето дете или вашата одете на Инстаграм и напишете „SweetHearts_Hair_Design“. Идеите кои ќе ги видите ќе ве воодушеват.
Бет Бетшо е мајката со извонредна вештина и идеи за плетенки кои секојдневно ги реализира преку своите две слатки ќеркички, објавувајќи голем број на фотографии и видеа преку кои лесно ќе научите како и вие да го направите тоа.
Аби и Бејли со сигурност може да се пофалат дека имаат супер-мајка чија креативност не познава никакви граници.
Достигнувајќи бројка од над половина милион следбеници, бизнисот со плетенки на Бет е толку добро прифатен што таа работи на сопствена линија на производи за нега на коса.
„Многу мајки ни светот ме прашуваат што користам за косата на Аби, па многу сум возбудена што можам да го најавам излегувањето на мојата линија на производи за нега коса со име ’Sweethearts Hair Care‘.“ – објаснува таа.
М. С. | Црнобело