Ешли Греам: Супермоделот кој ќе ги промени страниците на Sports Illustrated
Во 2015-та година еден модел од Небраска направи вистинска пресвртница во историјата на манекенството како професија - таа беше првата вистински плус сајз девојка која се појави во реклама на Sports Illustrated.
Сега одново ќе ги надминува бариерите и лошите ставови и сфаќања за тоа која девојка може да биде модел. Sports Illustrated на својата Инстаграм страна најавија дека таа ќе се појави на страниците на ова списание, не само на реклама.
Ова е голема пресвртница за девојките со облини кои сакаат да бидат дел од модната индустрија, а и за Ешли Греам.
Таа ја лансираше својата прва плус сајз линија за компанијата за долна облека Nordstrom - Addition Elle.
Таа има неколку работи кои сака да ги напомени во однос на тоа како успеала во овој бизнис и како помага да се трансформираат перцепциите на општеството за плус сајз жените
Греам станала модел на среќа
„Тоа беше една од оние приказни кои сте ги слушнале милион пати. Се шетав во трговски центар во Небраска, агент дојде и ме праша дали сакам да бидам модел. Застанав во редицата во која чекаа 300 други девојчиња“ - објаснува Греам.
Се преселила во Њујорк на 17 години
„Секако дека се соочував со проблемите со кои се соочува секој тинејџер, но тоа не влијаеше на мојата кариера. Знаев што точно сакам, кои се моите цели и соништа“ - вели плус сајз моделот.
Наскоро ја искусила првата контроверзност во нејзината кариера
„Бев дел од реклама за компанијата Lane Bryant која беше забранета за емитување на телевизија. Оваа реклама од 2010-та година не се емитуваше на ABC додека се емитуваше Dancing with the Stars и на CBS News за време на емитувањето на American Idol“ - објаснува.
Компанијата ги обвини овие медиуми дека ги забрануваат рекламите затоа што на нив има плус сајз жени.
Во ноември 2013-та година таа ја лансирала својата прва линија со Addition Elle
Греам решила да направи своја лична линија на секси долна облека специјално наменета за жени со облини.
Оваа колекција се лансираше и на Nordstrom.com
Греам смета дека не е само долната облека проблем за плус сајз жените
„Шопингот за девојките со облини знае да биде голем проблем, не е само до изгледот на телото и до обликот. Некои се со тело во облик на крушка, некои со песочен часовник...“ - вели таа.
Неодамна потпиша договор со IMG, што е вистински успех за еден плус сајз модел
„Договорот со IMG претставува вистински успех за мене, бидејќи сега дел од агенцијата во која се наоѓаат некои од најголемите супермодели во светот“ - објаснува.
Беше дел од TED Talk, зборувајќи за прифаќањето на сопствениот изглед
Стана амбасадор за промовирање на себе-прифаќање и позитивен став кон сопственото тело.
Таа вежба
Многумина веруваат дека девојките со облини не се грижат за своето здравје и дека воопшто не вежбаат, но таа е доказ дека реалноста е поинаква. Како и слабите девојки и таа се грижи за сопствениот изглед.
Сфаќа зошто фотошопирањето постои
„Мислам дека е сосема во ред да се употреби Фотошоп, но да не се претерува. Јас сум девојка која е свесна за својот целулит и можеби го прифаќам како дел од мојот изглед, но тоа не значи дека треба да се забележува и на некоја важна модна кампања“ - објаснува.
Знае дека постојат сублиминални пораки кои ги испраќаат рекламите
„Пред некој ден влегов во ресторан во кој можеш да нарачаш „skinny“ салата која ме натера да си поставам едно прашање: Тој тип на салата го јадат или смеат да го јадат само слабите девојки?“.
„Мислам дека е време за промени, но тие промени не можат да се случат веднаш“ - потенцира Греам.
Сепак, успеала сама да направи никакви промени на светско ниво
Со самото тоа што е дел од кампањата „SwimsuitsForAll“, таа е доказ дека работите се менуваат, ставовите и сфаќањата се менуваат.
Сака да биде пример за луѓето ширум светот, за да стекнат самодоверба и да престанат да гледаат на големината како фактор кој треба да влијае на тоа како се чувствуваат
Н. Г. | Црнобело