56-годишна жена е најстариот модел кој позирал во бикини за Sports Illustrated
Минатата година Sports Illustrated ја започна кампањата „Swimsuits for All“, каде го имаше својот прв плус сајз модел кој носи костим за капење, а оваа година уште еднаш ги кршат ограничувањата.
Во новата реклама се појавува најстарата жена која некогаш рекламира костими за капење - 56-годишната Никола Грифин.
Никола е околу три или четири декади постара од просекот на девојки кои позираат пред камерите за реклами за костими за капење.
Но, оваа кампања е околу прифаќањето на секој изглед и секоја возраст.
„Не е сè во тоа да имаш 20 години и да бидеш висок 180cm. Ние сме на различна возраст и со различен изглед на телото. Во тоа е убавината. Ние сме реални жени“ - вели Никола.
Н. Г. | Црнобело