Домашен третман против црнки и проширени пори за кој ви треба само белка од јајце
Кога еднаш ќе ја пробате, оваа маска ќе ви стане неделна рутина затоа што ефектот е очигледен уште после првата употреба.
Маската делува како лентите за чистење на лицето кои се користат во козметичките салони.
За да го добиете истиот ефект на чисто лице, но во домашни услови, ви треба само едно јајце.
Домашната маска од белка од јајце е препорачлива за оние кои имаат проширени пори кои брзо се покриваат со нечистотии, што подоцна завршува со црни точки кои никој не сака да ги има.
Покрај тоа, ја суши мрсната кожа, го отстранува масниот секрет и влагата и притоа го елиминира сјајот од Т-зоната.
Потребно ви е:
- 1 јајце
- Тоалетна хартија или тенки салфети
Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги во посебни садови.
Исчистете го лицето, па премачкајте го со белка.
Преку белките нанесете ја салфетката или хартијата. Ако ви остане белка, можете да премачкате уште еден слој врз хартијата.
Почекајте 20-30 минути, додека целосно не се исуши.
Откако салфетката ќе се стврдне, отстранете ја со лупење.
Со преостанатата жолчка може да го премачкате лицето за хидрирање и омекнување на кожата.
М. Д. | Црнобело