Нов тренд за нијансирање на косата - Лајаж (фото)
Балајаж е техника за боење и нијансирање на косата која стана апсолутен хит во 2015-та. Но, како што и обично се случува со трендовите, на негово место дојде нов, поефектен начин на боење кои ќе ја одбележи 2016-та.
На прв поглед делува слично, па дури и идентично, но ако ги прашате фризерите, се работи за сосема поинаква техника од балајаж.
Ако сакате да си направите лајаж ќе мора да бидете во лежечка положба, додека косата ви е префрлена на рамна површина на која постепено се бои.
Косата се бои слој по слој за да се создаде ефектот на сончеви прамени.
Но, за да се постигне ефектот, потребно е да имате коса подолга од рамениците.
М. Д. | Црнобело