Домашни третмани со кои ќе се ослободите од црнките

За да се ослободите од црнките по лицето, не ви требаат скапите тоници и креми кои со години ги купувате, а ситуацијата не се подобрува.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-001.jpg

Како и за секој проблем, така и за овој, постојат природни алтернативи.

Следен пат пред да посегнете по скапата крема, пробајте некој домашен рецепт и третман.

1. Ексфолирајте со сода бикарбона

Помешајте неколку лажички сода бикарбона со малку вода додека не добиете паста. Потоа нанесете на лицето, добро истријте како со купечкиот пилинг, па исплакнете. На овој начин нема да ги затворите порите, а ќе ги отстраните мртвите клетки. Голем плус е неутрализирањето на pH вредноста и намалувањето на мастите кои се лачат.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-1.jpg


2. Релаксирајте се со џус од домати

Одличен начин да ги исчистите порите, да ја збогатите кожата со витамин А и Ц, а воедно и да ги исчистите црнките, е маската од природен џус од домати. Нанесете го како маска, одморете неколку минути додека не се впие, па исплакнете.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-2.jpg


3. Нанесете белка од јајце

Наједноставната маска која може да ја направите. Благо изматете белка од јајце и нанесете ја во слоеви. Кога првиот ќе се исуши, нанесете втор, па трет. Откако целосно ќе се исуши, лесно можете да ја „излупите“ од лицето.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-3.jpg


4. Тоник од зелен чај

Следен пат кога ќе најдете мала црнка на лицето, сварете зелен чај. Оладете го чајот, па потоа нанесете го со помош на памукче. Исплакнете по 15 минути.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-4.jpg


5. Користете четка за заби

Четкајте ги црнките со мека четка за заби со кружни движења. Оваа метода не се препорачува за чувствителна кожа заради грубите влакна. Секогаш можете да додадете неколку капки масло од јојоба за да го ублажите триењето.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-5.jpg


6. Третмани со пареа

Кога имате малку повеќе време, загрејте еден сад со вода и ставете некој чај од природни билки. Навалете се над садот, на растојание на кое можете да ја поднесете топлината, ставете пешкир преку главата и обидете се да издржите 5-6 минути.

По третманот со нежна фротирска ракавица или пешкир лесно ќе ги отстраните црнките.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-6.jpg


7. Маска од кал

Затоа што никој не може да си дозволи спа третмани секоја недела, купете си маска од глина. Тоа е најевтиниот и најефективниот начин да си правите домашни третмани со ефект како во салон.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-7.jpg


8. Нанесете мед на лицето

Нанесувајте тенок слој на мед на лицето неколку пати во неделата. Медот е посебно корисен за сувата кожа која има проблем со ситни црнки. На тој начин ќе ја хидрирате и затегнете кожата без многу мака.

domasni-tretmani-so-koi-ke-se-oslobodite-od-crnkite-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
Предлози за разиграни нокти за лето 2024 Колку повпечатливо и пошарено, толку подобро... Дали и вие го имате овој став ко...
Чекор по чекор упатства: Како сами да се потстрижите + да си направите фризури? Како најлесно сами да си ги потстрижите шишките, а да не се каете за тоа? И знае...
Румени образи, пердувести веѓи: Есенски трендови за шминка Оваа есен не го заборавајте руменилото, а шминката за очи нека ви биде во постуд...
Алтернативи за сув шампон кои ќе ве „спасат“ во последен момент Пченкарниот скроб неретко се среќава во нашите кујни, а е уште една евтина и доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg