5 фризури кои може да ги пробате кога носите капа
Како да се справите со косата оваа зима? Како да ви биде средена кога ќе ја извадите капата, без електрицитет и разлетани, прекршени влакна?
Овие 5 идеи ќе ви се најдат кога нема да знаете што со неа:
1. Мало замотано коњнско опавче
Поделете ја косата во 3 делови како за класична плетенка, потоа врзете ги двата странични делови во чворче, мотајте околу опавчето и зацврстете со ластиче.
2. Бохо стил
Од корените на косата направете неколку тенки плетенки, а остатокот нека ви биде брановиден.
3. Забавна капа
Плетенките на страна се идеалниот избор кога носите забавна капа. Направете комбинација од рибина коска и обична плетенка и ќе добиете интерсни форми.
4. Елегантно и женствено
Кој вели дека едноставно коњско опавче не е софистициран изглед? Направете опавче на страна и испеглајте го за да добиете мазна текстура.
5. Ски убавица
Без разлика дали скијате на стазите или одмарате во бачило од мазно и нежно ошавче може да станете планинска дива со тоа што ќе го разбушавите и истапирате ниското опавче.
М. Д. | Црнобело