3 грешки заради кои косата ви се проретчува и ви паѓа
Проретчувањето и опаѓањето на косата е чест женски проблем од повеќе причини, но најважна е начинот на кој ја одржувате.
Следните 3 навики најмногу влијаат на кршењето и пукањето на влакното, затоа ослободете се од нив што побрзо:
1. Секогаш правите патец на исто место
Постојаното носење на патец на средина од темето ги ослабува влакната на секој можен начин. Пробајте на неколку дена или барем недели, да ја менувате неговата позиција.
2. Косата ја врзувате во опавче додека вежбате
Опавчето е најбрзиот и најлесниот начин косата да ја тргнете од лицето, но ви прави повеќе штета отколку корист. Подобро одвојте 5 минути плус за да сплетете опуштена плетенка. На тој начин ќе го спречите корнењето на влакната од темето, а со тоа и опаѓањето на косата.
3. Фенот премногу го доближувате до косата
Додека ја сушите косата, фенот секогаш треба да биде на растојание од барем 5 сантиметри од косата. Исто така најпаметно е да ги користите само прстите додека ја сушите, а дури откако 80% од влакната ќе бидат суви, да ја исчешлате.
Д. М. | Црнобело