Фасцинантни портрети кои ја прикажуваат убавината на пегите
Британскиот фотограф Брок Елбанк додека живеел во Сиднеј имал можност да се запознае со „интересен пегав лик“ кој станал инспирација за неговата серија фотографии именувани како „Пеги“.
Инспирација за овие фотографии бил синот на еден од неговите пријатели, за кој фотографот вели дека е еден од најпегавите луѓе кои некогаш ги видел.
Така се родила идејата за проектот кој моментално брои 90 портрети. Елбанк вели дека сака да направи севкупно 150 фотографии пред да ја има финалната изложба во 2017-та година.
„Она што ми е интересно е што секој кој има пеги барем еднаш во животот имал проблеми со нив, односно ги мразел. Некои од девојките во фотографиите секојдневно употребувале пудра за да ги прикријат“ – вели фотографот, кој има за цел да ја прикаже нивната убавина.
Н. Г. | Црнобело