Зошто внатрешната убавина е поважна од надворешната?
Што внатрешната убавина воопшто треба да значи? Тоа е вид на убавина, кој доаѓа однатре? Тоа е нешто што никогаш не може да се види, но може да се замисли?
Внатрешната убавина не е само внатрешна убавина. Внатрешната убавина е единствената убавина. Ова не значи дека надворешниот изглед не е важен, но внатрешната убавина има многу поголемо значење отколку што мислите.
Според дефиницијата, внатрешната убавина може да се опише како нешто што се доживува преку карактер на одредена личност, а не изглед.
Претпоставуваме дека никогаш нема да можеме да ја забележиме внатрешна убавина на прв поглед. Но, дали е ова навистина точно?
Речиси секогаш прво го забелмежуваме физичкиот изглед, но само за миг. Можете да зборувате со некој една минута и да ги имате првите импресии, но како што разговорот продолжува ќе ги запознаете нивните карактеристики, дури и кога не сте свесни за тоа.
Токму тоа ги прави луѓето убави и шармантни.
Внатрешната убавина ви помага да ја цените надворешната убавина.
Убавината не е во окото на гледачот. Убавината е во нас самите. Она што другите го гледаат кога ќе погледнат во нас е проекција на она што ние сакаме тие да видат.
Убави сте ако мислите дека сте убави. Атрактивни сте ако мислите дека сте привлечни. Сите ја гледаат вашата проекција на она што вие го гледате кога ќе се погледнете во огледало.
М. А. | Црнобело