Фризерите откриваат: Тест од 10 секунди кој ќе ви открие дали смеете да ја фарбате косата

Многу елементи влијаат на изгледот на косата, но еден е клучен - косата мора да биде здрава ако редовно ја фарбате.

frizerite-otkrivaat-test-od-10-sekundi-koj-ke-vi-otkrie-dali-smeete-da-ja-farbate-kosata-01.jpg

Ако косата ја боите во домашни услови, фризерите ви советуваат претходно да проверите каков е нејзиниот квалитет и дали смее да продолжите со хемиските третмани.

1. Одвојте еден прамен коса со прстите и израмнете го.

2. На праменот ставете неколку капки вода и гледајте колку време ќе им треба на капките за да се впијат.

3. Ако косата ја апсорбира водата за помалку од 10 секунди, тогаш надворешниот слој на влакното е премногу оштетен и не е добра идеја да ја боите косата. Спротивно на тоа, ако капките издржат 10тина секунди без да се впијат, тогаш вашата коса е во добра форма.

Совет плус: На оштетената коса влијае чешлањето додека е мокра, претераното пеглање или виткање, како и сушењето со премногу топол воздух.

За да си го вратите стариот сјај на влакното, намалете ги овие активности.

Плус, еднаш во неделата подарете и третман со домашна маска.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлози за минималистички цветен маникир – идеален за пред почетокот на пролетта (фото) Ако за вас пролетта веќе почнала, сигурно ќе ви се допадне нешто од предлозите з...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Нијансирање на косата во скандинавски стил – летен тренд за девојки кои не сакаат драстични промени Фризурата е инспирирана од природната боја на коса на убавите Скандинавки и е од...
5 трикови за шминка и убавина кои ќе ви заштедат време (и пари) Понекогаш шминкањето одзема многу време, а и сите производите не се евтини. Но, ...
Јован Кароски со мејкап совети за идните невести: „Розови тонови, природен изглед и пунџа за совршен... „Таканаречениот No мakeup тренд, односно природен изглед, е еден од трите најбар...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg