Миење на косата со оцет: Зошто и колку пати се доволни?
Јаболковиот оцет е одличен за косата и кожата затоа што темелно ги чисти влакната и го спречува кршењето и опаѓањето, па крајниот резултат е сјајна коса со волумен.
Исто така има моќ да го намали чувството на чешање и го елиминира првутот, уништувајќи ги сите бактерии.
Методата за измивање на косата со оцет е посебно препорачлива ако сакате да го подобрите нејзиниот квалитет, да го вратите pH балансот и да го поттикнете растот.
Како да го користите јаболковиот оцет за сите типови коса?
1. Виткана, густа или долга коса: Помешајте ½ шолја јаболков оцет со 1 литар топла вода и исплакнете.
2. Права, тенка или кратка коса: Помешајте 1 лажица јаболков оцет со 1 шолја топла вода и исплакнете.
3. Хемиски исправена или боена коса: Помешајте ½ шолја јаболков оцет со 2 шолји топла вода и исплакнете.
Колку често се препорачува измивањето со оцет?
1. Виткана, густа или долга коса – еднаш на 2 недели.
2. Права, тенка или кратка коса – еднаш неделно.
3. Хемиски исправена или боена коса – еднаш месечно.
Д. М. | Црнобело