5 начини на разубавување со кои не треба да се заморувате во 2016-та
Заборавете на сите резолуции за разубавување, затоа што потребна ви е само една најважна - работи за кои не треба да се грижите оваа година.
Ова се најважните работи на кои треба да заборавите и да не се заморувате во иднава 2016:
1. Нелакирани нокти
Додека сѐ уште сме заљубени во убавите темни нокти кои одлично стојат во поладниот период од годината, сепак трендовите велат дека можеме да прошетаме и со нелакирани нокти.
„Голите“ нокти беа премногу популарни на модните ревии за есен/зима.
2. Да имате коса како другите луѓе
Факт е дека не можеме сите да имаме прекрасна коса како Victoria's Secret манекенките, без разлика колку ги следиме советите на нивните стилисти.
Оваа година време е да уживаме во сопствената коса без разлика каква е (секако тоа не значи да одите со оштетена и сува коса). Тоа може да биде убав и среден боб, растурени опавчиња или природни кадрици.
3. Да ги одржувате веѓите редовно
Не, не предлагаме да заборавите да одите на козметичар одвреме-навреме, туку да ги пуштите веѓите малку природно да потпораснат.
Очигледно, на сите ни е смачено од совршениот изглед на веѓите кој ретко кога ни успева, па затоа оваа година можеме да си дадеме оддишка.
4. Покажување на коренот
Сигурно уште кога се фарбате помислувате што ќе правите кога ќе почне коренот да се гледа. Но, на ваша среќа, оваа година има нов тренд познат како „root smudging“.
Оваа техника, која стана неверојатно популарна минатава година, се состои од тоа да користите проѕирна боја блиску до темето на главата за ги замачкате линиите помеѓу природната боја и фарбаната.
Тоа може да го направите неколку пати помеѓу фарбањето за фарбата да трае подолго и плус тоа е здраво за косата.
5. Постојано надградување на шминката
Класиката е секогаш модерна, а трендовите постојано се менуваат. Па така, блогерките на кои бескрајно им се восхитуваме користат едноставна мејкап рутина која секогаш функционира, никогаш не изгледа здодевно ниту пак „аут“ од мода.
Затоа, иако обожуваме да испробуваме нови трендови, сепак можеме да се одржуваме до класиката и до она што најдобро го знаеме.
С. С. | Црнобело