Зошто не треба да го пробате најновиот тренд светкави веѓи?
Ако размислувате да го испробате најновиот новогодишен тренд – светкави веѓи, подобро е добро да размислите и да го погледнете видеото во кое неколку девојки го испробуваат овој тренд.
Можеби на прв поглед се чини како нешто невообичаено и интересно, но моментот кога ќе се појавите во канцеларија како што се појавува една девојка, сфаќате дека можеби сте згрешиле со одлуката.
Потоа и самиот процес на вадење на лепилото кое го нанесуваат девојките е прилично болен.
„Зошто го направив ова?“ – се запрашуваат сите девојки, посебно затоа што повеќето од нив на крајот остануваат речиси без веѓи.
Зошто не вреди да се испробуваат сите трендови на убавина, иако изгледаат добро во модните списанија...