Плус сајз модел: „Научете да се сакате, едноставно е или преминете преку тоа дека имате вишок килограми“
Плус сајз моделот Елши Грахам покрај Кејтлин Џенер и Ејми Шумер беше прогласена за една од најголемите ѕвезди на 2015-та година кои дадоа свој печат и променија нешто во светот.
Ешли со сигурност може да се каже дека имаше одлична година, со тоа што почна да се појавува на реклами и кампањи, посебно за Sports Illustrated Swimsuit Edition и LoveMagazine.
Во 2015-та година, таа уште еднаш по 2014-та година се појавува во видео за LoveMagazine:
Но, она што е најважно за неа е пораката која ја носи за сите девојки: „Мислам дека мојата убавината е во тоа што јас навистина имам облини“. И навистина тоа дава малку слобода, да престанете да не го прифаќате своето тело, туку едноставно да бидете она што сте.
„Сакајте се, едноставно е или едноставно научете како да преминете преку тоа“ – вели таа.
Девојката е во право, не е важно дали сте преслаби или преголеми, едноставно научете да го сакате своето тело, без разлика на тоа какво е...