Час по шминкање за почетници: На кој дел од окото да нанесете сенка?

Туш за очи, сенка, закосени четки, рамни четки - ако сте почетник во шминкањето и едноставно не сте многу вешти во него, само една слика може да ви помогне.

cas-po-sminkanje-za-pocetnici-na-koj-del-od-okoto-da-nanesete-senka-01.jpg

Ако имате проблем да ги разберете сите комплицирани туторијали, оваа едноставна мапа ви покажува каде треба да ги нанесете сите производи за очи:

cas-po-sminkanje-za-pocetnici-na-koj-del-od-okoto-da-nanesete-senka-02.jpg

Коската под веѓата

Ако сакате да ги истакнете веѓите и визуелно да ги зголемите очите, нанесете светла сенка веднаш под нив, на испакнатата коска.


Раб

Главните бои на сенките одат токму тука.


Преклоп

Се наоѓа помеѓу самиот капак и коската под веѓата и тука би требало да нанесувате малку потемни сенки за да им дадете димензија на очите.


Надворешниот агол

На надворешниот агол на окото се нанесуваат темни сенки и туш за очи и тоа во облик на легнато V.


Линијата под трепките

Таму каде што завршува капакот и почнуваат трепките е идеално место за нанесување на туш. Исто така од тука треба да започнете со нанесување на маскарата.


Внатрешната линија на окото

Или водената линија може да биде местото каде нанесувате темно моливче ако сакате зачадени очи или светла нијанса на моливче ако сакате очите да ви делуваат големи и отворени.


Долен раб

Долниот раб може да го искористите за нанесување на креон или сенка за да ги дефинирате очите и да создадете поостар поглед.


Внатрешен агол

Тука е доволно да нанесете малку светла сенка за да го зголемите окото.

Би можело да ве интересира:

Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Совети со кои седата коса ќе ви биде мека и сјајна Ако имате седа коса или почнувате да ги гледате првите побелени влакна, важно е ...
Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на к...
Туторијал со кој ќе изгледате како да ве шминкал професионалец, според шминкерка од Њујорк (видео) За да изгледате привлечно и како да ве шминкал професионалец не ви требаат премн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg