Како правилно да ја миете косата?

Без разлика на тоа дали косата ја миете секој ден или секој втор ден, истата повторно може да ви биде сува со оштетени краеви или со сув корен со првут. Тоа е така, затоа што најверојатно не ја миете косата правилно.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-01.jpg

Неколку чекори на кои треба да внимавате:

1. Прво треба да ја намокрите

Шампонот никогаш не го нанесувате на сува коса. Секогаш треба да внимавате косата да ви е доволно мокра пред да го нанесете шампонот на неа. Мијте ја косата со топла вода, бидејќи истата го релаксира коренот и го впива цело масло од неа.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-1.jpg

2. Ако имате долга коса, нанесете балсам

Доколку имате долга коса, не ставајте прво шампон – почнете со регенератор, бидејќи истиот ќе ги омекне краевите и ќе добијат сјај.


3. Нанесете шампон само на коренот

Кога нанесувате шампон, ставајте го само на коренот на косата, не на целата коса. Косата на самиот корен е помасна и бара поголема нега.


4. Немојте да бидете груби

Косата никогаш не ја мијте со брзи и груби потези, затоа што така ќе ја оштетите. Мијте ја вашата коса како да е најнежната работа на светот.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-2.jpg

5. Процесот не го повторувајте

Доволно е да ставите само по еднаш и од регенераторот и од шампонот во спротивно, дополнително ќе ја оштетите косата.


6. Миењето завршете го со студена вода

За разлика од топлата вода која ги омекнува и релаксира порите и коренот на косата, миењето со ладна вода ги затвора, па на крајот вашата коса треба да ја поминете со ладна вода. На тој начин вашата коса ќе биде убава и сјајна.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Предлози за разиграни нокти за лето 2024 Колку повпечатливо и пошарено, толку подобро... Дали и вие го имате овој став ко...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...
„Не сте грди, туку немате пари“: Инфлуенсерка открива колку троши за да изгледа совршено „Не, Џенифер Лопез не користи маслиново масло на нејзината кожа, најверојатно им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg