Испукани усни и суво лице: 5 совети за ефективно одржување на кожата во зима

Трендовите се менуваат од сезона во сезона, па така и квалитетот на нашата кожа. Затоа е важно е да ја прилагодите рутината за грижа на кожата во зависност од годишното време. Зимата може да биде брутална за кожата, особено поради сувиот воздух, ладниот ветер и внатрешната топлина.

ispukani-usni-i-suvo-lice-5-soveti-za-odrzhuvanje-na-kozhata-vo-zima-001.jpg

За да ја зачувате здравата кожа во текот на овие неколку месеци ви предлагаме да ги пробате овие трикови:

1. Нанесувајте хидратантантна маска 2-3 пати неделно

Иако е важно да нанесете квалитетна хидратантна крема и дење и ноќе, сепак понекогаш и е потребна дополнителна хидратација, особено во зима. Маската е ефективен начин како да ја потхраните кожата и добро да ја одржувате во текот на студената сезона.


2. Нежно ексфолирајте 1-2 пати неделно

Поради сушење на кожата во овој период, важно е да ги отстранувате мртвите клетки за кожата да може да ја впие влагата. Нежната екфолијација е одлична идеја. Откако ќе го измието лицето, потопете крпа за лице во топла вода и нежно тријте ја кожата во кружни движења.


3. Избегнувајте врела вода при капење

Иако е искушувачки, топлите бањи и туширања можат дополнително да ја исушат кожата. Секако дека не треба да се туширате или капете со ладна вода, но осигурете се дека водата не е премногу жешка и пробајте да не се задржувате многу.


4. Пијте многу вода

Хидратацијата започнува однатре, па затоа пиењето на многу вода во текот на денот е најефективниот начин да ја одржите кожата здрава. Додадете овошје или растенија за поубав вкус.


5. Користете на четка на испуканите усни

Постои трик кој го користиме со години и кој прави чуда - кога вашите усни се навистина испукани и суви, земете сува четка за заби и нежно тријте ги усните. Ова ќе ја отстрани мртвата кожа, а потоа нанесете балсам или мрсна крема за да ги одржите хидрирани.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Грчки маникир – тренд за нокти за лето 2024 (фото) Наместо лубеници и палми, летово хит е маникир украсен со препознатливите бои на...
7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg