Една фризура која одговара на секој облик на лице (фото)
Новата фризура може во секунда да го подобри изгледот и расположението на секоја жена. Но, пред да се одлучите на таков чекор треба да одберете должина, па степен или рамна коса, па да размислите на обликот на лицето...
За да не се мачите пред секое одење на фризер, ви предлагаме една фризура која одлично стои на секој облик на лице.
Во текот на 2015-та речиси сите славни ја пробаа, па сега е ваш ред.
Се работи за витканиот лоб, односно нешто подолг боб со благи извиткувања и бранови.
Иако порано мислењето беше дека оваа фризура не е практична заради секојдневното фенирање, разбушавениот изглед сега е повеќе од посакуван.
Ако сте подготвени за промена, ве охрабруваме со неколку идеи: