За 3 дена успеале да се ослободат од акните. Која е тајната? (видео)
Близначките кои успеале да направат успешна кариера на YouTube, откриваат како успеале да ги излечат непријатните акни со кои се мачеле со години, а не сакале да бараат помош од лекари и скапи третмани со лекови.
Нина и Ранда Нелсон кои имаат 22 години пораснале со вегански начин на исхрана, односно избегнувале производи од животинско потекло, месо и млечни производи – сите производи кои се познати по тоа дека предизвикуваат акни и масна кожа.
Завршиле средно училиште, а немале ниту една акна, сè додека не наполниле 20 години.
Летото кога наполниле 20 години за првпат добиле болни и цистични акни. Наредните неколку месеци се обиделе со речиси секој метод за кој слушнале, од лосиони, лекови и антибиотици до дерматолози, но ништо не им помагало.
Потполно ја изгубиле самодовербата.
Ги испробале сите методи за кои слушнале, но им преостанал уште еден лек – доволно силен да со сигурност ги излечи акните, но неговото консумирање носело сериозни последици како опаѓање на косата, сува кожа, а во најлоши случаи и депресија.
Не сакале да ризикуваат, па пробале втора алтернатива. Целосно го промениле начинот на исхрана. Откриле дека мораат да ја исфрлат од исхраната секоја храна која содржи масти, дури и они здравите масти кои ги консумирале преку авокадото, путерот од кикирики и млекото од соја.
За само 3 дена ги постигнале посакуваните резултати.