Домашни маски за нега на лицето во студените денови
Нема ништо подобро од домашна маска која ќе направи да ја чувствувате вашата кожа повторно жива.
Маските за лице се едни од најстарите форми на третмани за убавина кои помагаат во одржување на кожата да биде мека и свиленкаста.
Ние ви предлагаме неколку маски кои се добри за во студените зимски денови:
1. Маска од авокадо
Маската од авокадо е добра за сувата кожа која може да се иритира во зима и е многу лесна да се направи. Истолчете ја внатрешноста на авокадото и додадете неколку капку маслиново масло, па нанесете ја смесата на лицето. Оваа негувачка маска ќе му овозможи многу витамини, минерали и антиоксиданти на вашето лице во борбата против зимската сувост.
2. Маска од млечни производи
Оваа маска е едноставен и ефективен лек за уморната кожа. Направете смеса од јогурт, млеко, павлака или кефир и нанесете ја на лицето избегнувајќи го пределот околу очите. Одморете 10-15 минути и измијте со ладна вода. Оваа маска омекнува, регенерира и ја враќа природната pH вредност на кожата.
3. Маска од белки од јајца
Оваа маска е добра за мрсна кожа со големи пори. Измешајте две белки од јајце и нанесете ги на лицето. Одморете половина до 1 час и измијте. Оваа маска ќе ја освежи и зацврсти мрсната кожа и ќе направи да изгледа поздраво од предходно. Во зима ќе создаде природна заштита од ветрот.
4. Маска од банана
Ако имате комбинирана кожа, измешајте истолчена банана со слатка павлака и ставете ја смесата да стои околу половина час. Оваа маска ќе ја измазни, омекне и негува кожата.
5. Маска од мед и млеко
Оваа маска е веројатно една од најлесните маски кои може да ги направите. Она што ви треба е половина шолја мед и 2 кафени лажички млеко. Ставете ја пастата на лицето и вратот и масирајте 5 минути. Потоа оставете ја да стои 20 минути пред да ја измиете со млака вода. Маската ќе ја омекне кожата и е најлесниот начин да ја негувате сувата кожа во зима.
М.Д. | Црнобело