Најлудите третмани за убавина: Тајландски шлаканици и крема од измет од славеј против бори

Од дамнешните времиња, луѓето биле подготвени на тешки жртви за да го достигнат идеалот на убавината.

najludite-tretmani-za-ubavina-01.jpg

Во Африка и Азија, жените во одредени племиња носат метални калеми кои ги деформираат нивните вратови и раменици. Во Кина, жените си ги врзувале нозете, бидејќи идеалот бил мали стапала, што предизвикувало деформација.

Западниот свет исто така има бизарни третмани за убавина. Опседнатост со младоста ги наведува луѓето да преземат големи ризици, со вбризгување на разни токсини во лицетo, одење под нож...

Ова се едни од најопасните, најсмешните и најлудите третмани за убавина во светот:

Тајландски шлаканици

Во Бангкок постои масажа со удирање шлаканици. Овој третман наводно може да излекува брчки и може да ги намали порите. Дали со ова ќе го вратите младешкиот изглед? Дискутабилно е, но овој третман не е воопшто евтин. Една 15-минутна сесија ќе ве кошта 350 долари.


Козметика со матични клетки

Употреба на матични клетки за медицински третмани е многу контроверзна, бидејќи некои луѓе сметаат дека нивната употреба е „играње на Бога". Матичните клетки можат да се „трансформираат" во било која друга клетка, а телото ги користи за поправање. Единствениот третман  кој е одобрен од страна на Американската агенција за храна и лекови е трансплантација на коскена срцевина, во случаи на леукемија. Постапката се уште се истражува и не постои начин да се предвиди како точно клетките ќе се однесуваат.


Лице на гејша

Идеалот на гејша е сосема непознат за Западниот свет; нејзината улога често варирала, но можеби најпознатиот аспект била нејзината бела шминка. За да го постигнат тој изглед тие користеле креми направени од измет од славеи, кои содржеле ензими за ревитализација. Барем така сака да мислите персоналот во Shizuka New York, Јапонски спа центар во Менхетен. За само 180 долари, тие ќе го намачкаат вашето лице со птичји измет кој се меша со некои други состојки, за да се сокрие прилично непријатниот мирис.


DC-CIK терапија за рак

Овој третман е уште една контроверзна процедура која вклучува вадење крв од пациентот кој страда од рак. Крвта се обработува во лабораторија, каде што се концентрира, а потоа инјектира назад во телото по хемотерапија или операција. Некои сомнителни клиники во Хонг Конг почнаа да нудат третмани за младешки изглед со оваа крв. Пријавен е најмалку еден смртен случај од септички шок.


Урина

Некои луѓе тврдат дека пиење урина може да излекува (или барем да ги ублажи симптомите) голем број болести, како лупус, мултиплекс склероза, па дури и рак. Но, урината се користи и за третмани за убавина, бидејќи е одлична за кожата.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омбре усни, фризури во стилот на '90-те: Совети за матурска шминка и фризура од Даниел Николовски „Кај шминката доминираат омбре усни. Со моливче се исцртуваат контурите на устат...
Зошто се јавуваат бели точки на лицето и како да ги отстраните? Правете пилинг за да ги отстраните мртвите кожни клетки кои обично ги предизвику...
Шампањ руса и уште 5 бои на коса кои ќе доминираат во есен 2024 Од впечатливо црвена до прамени во боја на мед - 6 нијанси ќе бидат популарни ка...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Отстранување шминка, подочници – За што сè можете да користите рицинусово масло? Ја обновува кожата, го стимулира растот на косата, а може да ги намали и брчките...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg