Како изгледаат тренинзите на моделите на Victoria's Secret?
Моделите на Victoria’s Secret не би изгледале така како што изгледаат да не стојат зад нив бројни луѓе кои се грижат како за нивната исхрана, така и за нивните физички активности кои постојано ги одржуваат во фит форма.
Добиваат помош од некои луѓе како што е и Џастин Гелбенд, фитнес тренер од едно студио во Њујорк. Тој моментално тренира заедно со 9 девојки кои ќе се појават на овогодинешното шоу.
Гелбенд досега работел со барем 6 девојки годишно во последните 9 години. „Јас сум среќен човек кој има можност да соработува со некои од најубавите жени на светот“ – вели Гелбенд.
Но, не е сè до среќата, тој има дури 10 дипломи и сертификати за фитнес и исхрана, а моментално студира на Греј Институтот за применети науки. „Постојано учам нови работи, а можам да кажам дека речиси не постои некоја информација околу вежбањето која не ми е позната“ – тврди тој.
Како станал дел од тимот на Victoria’s Secret? Ангела Линдвал морала да ја намали својата тежина откако го родила своето второ дете, за да може да се појави на шоуто во 2006-та година. Имале само 3 месеци за таа да може да изгледа најдобро што може...
Потоа, агенцијата IMG го донела до некои од најпознатите модели како Миранда Кер и Кендис Свонепул.
За девојките вели дека не е сè до генетиката. Сите напорно работат да изгледаат што е можно подобро. Карли Клос 11 години се занимавала со балет. Кендис пораснала со балетот, а некои од нив редовно вежбаат веќе 10 години од нивниот живот. Сè е до напорната работа и труд.
Што се однесува до подготовките за шоуто, Линдвал вели дека девојките тренираат 4 пати во неделата по барем 1 час. Овие подготовки започнуваат уште во септември за оние девојки кои веќе долго време се подготвуваат. Поновите модели започнуваат со подготовки и три месеци однапред.
Поголемиот дел од девојките, ако знаат дека ќе носат крила, носат на себе тежина за да се подготват за самиот настап и да можат да ја издржат тежината на крилата.
Девојките исто така носат тежина и треба да се движат додека носат високи потпетици за да можат да се подготват за она што ги очекува на пистата.
Девојките исто така мораат да внимаваат и на храната. За таа цел секогаш се советуваат со нутриционисти и доктори кои се водат по диетата која одговара на нивната крвна група, па секоја од нив има свое мени за консумирање.
Со него нема јадење на мали количини или употреба на диуеретици. Девојките мораат да бидат во топ форма, а тоа подразбира и да бидат здрави.