Колку често треба да го менувате шампонот за коса?

Некои велат дека честото менување на шампонот може да предизвика појава на првут, а други пак, тврдат дека ако не го менувате шампонот, косата ќе ги изгуби својот волумен и еластичност. Па, кој е вистинскиот одговор?

kolku-cesto-treba-da-go-menuvate-shamponot-za-kosa-01.jpg

Често да го менувате шампонот или да се држите до едната иста формула? Даг Белински, директорот на Frederic Fekkai, тврди дека и двата екстреми не се добри за изгледот и здравјето на вашата коса.

Производите треба да ги менувате на основа на неколку фактори:

1. Сезонските промени

„Косата е динамичен и променлив дел од вашето тело кој е целосно изложен на климатските промени“ – вели Белински. Тоа значи дека грижата за вашата коса треба да соодветствува на временските промени – температурата, влажноста на воздухот...

Летните горештини можат да предизвикаат појава на масен корен, а зимата и студот да ги исушат и оштетат краевите на косата. Токму затоа, важно е да ги менувате продуктите за нега на косата соодветно на временските услови.


2. Промени во исхраната

Вашите навики во консумирање на храна и течности се одразуваат на изгледот на косата. Ако консумирате повеќе протеини и масти, тогаш ќе ви требаат помалку производи кои дополнително ја потхрануваат косата со масти (на пример, нема да имате потреба од регенератор за сува коса).

И обратно, ако не внесувате доволно масти тогаш добро е да употребувате и дополнителни производи за заштита на косата како силиконски капки.


3. Созревање и лекарства

Косата природно се менува со текот на годините, па кога ќе започне да се тенчи влакното, време е да започнете да употребувате препарати кои ќе го зацврстат истото. 

Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпор...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...
„Сладолед“ маникир – летен тренд за девојки кои сакаат да експериментираат Ако не се плашите да експериментирате и сакате впечатлив маникир, веруваме дека ...
Кои маникири ќе бидат хит оваа зима, а кои е најдобро да ги избегнувате? Земјените тонови се одлични за студените месеци, додека многу нападните празничн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg