Како да го забрзате растот на трепките за 7 дена?
Некои среќни жени се родени со природно долги и густи трепки, додека останатите може да го постигнат тој ефект исклучиво со омилената маскара.
Ако се пронајдовте во втората група на жени, веројатно знаете како е да го пробате секој можен трик, а ниеден да не успее.
Сепак, една жена тврди дека мешавината од масла и помогнала да ги згусне трепките за точно 1 недела.
Ви требаат само 3 состојки и малку трпение:
- 20ml кокосово масло
- 20ml витамин Е масло
- 20ml рицинусово масло
Во мал сад со капак промешајте ги сите масла.
Секоја ноќ пред пиење протресете го садот или шишенцето и мала количина од маслото нанесете ја трепките. Тоа може да го правите со прст или стапче за уши,.
Важно е претходно добро да ја исчистите шминката.
По околу 7 дена ќе ги забележите првите резултати.