Предолга коса, стара облека, светликави сенки за очи: Грешки кои прават да изгледате постари

Добриот избор на облека и шминка може да ги истакне вашите предности и визуелно да ве подмлади, но од друга страна, важи и обратното. Погрешниот избор може да го нагласи она што треба да го сокрие и да ви додаде години.

15-greshki-so-koi-izgledate-postaro-01.jpg

На сите не им прилегаат истите бои и стилови на облекување, па важно е да внимавате на неколку работи при облекувањето и шминкањето:

1. Тренди облека

Секоја жена сака да изгледа модерно, но вложувањето во тренди парчиња облека долгорочно не ви се исплати, бидејќи модата се менува со неверојатна брзина, па нешто што во одреден миг е апсолутен тренд, во друг ќе изгледа смешно.

Затоа, најдобро е да имате класична облека во гардероберот во која секогаш ќе изгледате одлично и знаете дека нема да погрешите.


2. Носите стара облека која веќе не ви стои

Многу жени се склони кон чување на стара облека која повеќе не одговара ниту на годините, ниту на фигурата. Таквите парчиња облека најдобро е да ги донирате, а не да ги носите на себе.


3. Предолга коса

Долгата коса најчесто се врзува со младоста, а пократките фризури се резервирани за повозрасните. За тоа постои добра причина – маснотиите на лицето со текот на времето и годините се губат, па истото се опушта и изгледа послабо. Носењето на долга коса тоа само дополнително го нагласува.


4. Строги црни линии на очите

Тушот и мачкините очи се резервирани за младите, а повозрасните жени не изгледаат заводливо, туку напротив, ги истакнуваат борите и брчките. Наместо црна, добро е да користите темнокафеава или сива боја.


5. Сончање

Темниот тен краткорочно ве разубавува и подмладува, но на долги стази долгото изложување на сонце има спротивен ефект. Ултравиолетовите зраци го „убиваат“ колагенот, а со тоа кожата ја губи својата еластичност.


6. Ги игнорирате рацете, деколтето и вратот

Ако редовно се штитите од сонцето, често може да ви се случи да заборавите на овие три дела од телото, а кожата на нив е изразено тенка и нежна, па често се случува истите да ви се исполнети со брчки повеќе и од лицето.


7. Претесна или преширока облека

Екстремите никогаш не се добри, посебно кога станува збор за вашата облека. Умереноста е клуч на добриот изглед, бидејќи сè друго – претесно, предолго, прешироко или прекратко, привлекува негативно внимание.

Уште 8 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на к...
7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg