Најубавото девојче во светот порасна - Како изгледа денес? (фото)
Ако се сеќавате на младата Французинка на насловната на Вог која предизвика скандал во 2010-та година, сигурно ќе се зачудите како изгледа денес.
Тогаш девојчето кое имаше само 9 години позираше за Вог, но облечена и нашминкана како 30-годишна дама, во елегантна облека и златни сандали со висока потпетица.
Новата Кејт Мос, како што тогаш сите ја нарекуваа и промовираа, започна лавина од дискусии за тоа колку непристојно изгледа за своите години. Некои дури ја обвинија модната индустрија за прекршување на основните права на децата.
Од друга страна, многумина ја прогласија за најубавото девојче во светот.
Името на ова девојче е Тилен Лена Рос Блондо, родена во 2001 година како ќерка на фудбалер и актерка од Париз.
По спорните фотографии за Вог, сега следуваат неколку пореални на кои таа е прекрасна тинејџерка.
Во каква девојка прерасна најубавото девојче во светот?